еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои се обичаите: Почнува рамазанскиот пост

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 23 мај.

За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување.

Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување.

Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 24 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите.

Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.

Во пресрет на рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, им порача на верниците да ги почитуваат препораките на Владата за заштита и спречување на ширењето на на коронавирусот.

-Апелирам и ве замолувам да се придржувате кон исламските принципи за вашето и за здравјето на другите луѓе околу вас, истовремено почитувајќи го тоа што го велат лекарите и експертите во врска со пандемијата Ковид 19.

Само така ќе победиме и ќе се вратиме на нашите животи, само така ќе бидат оправдани нашите молитви за спас што ги упатуваме на семоќниот Алах, порача Реџепи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се урна авион Цесна кај Солунска Глава, загинати сите четворица патници – бугарски државјани

Редакција

Прва Парада на гордоста во Македонија: И социјалните мрежи во боите на виножитото

Редакција

Убава вест: 514 оздравени од Ковид-19

Редакција