еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се очекувањата на Алкалоид за престојниот период

Бизнис-планот за 2021 година, донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, на седницата одржана на 29.12.2020 година, предвидува инвестирање на околу 12% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 7% на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2020 година, информираат од компанијата.

“Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот.

Околностите и настаните во 2021 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот„, велат од компанијата.

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на Ковид-19, велат од компанијата.

„Ние во „Алкалоид“ презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото.

Во втората половина од годината дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај нашите купувачи, како и до стабилизирање на порастот на приходи од продажби.

Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност„, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се движеше цената на акциите на Алкалоид минатата година

„Алкалоид“ лани со инвестиции од 1,5 милијарда денари и 210 нови вработувања

„Алкалоид“ лани со раст на продажбата и добивката

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Универзитетската клиника по хируршки болести вработува 21 лице, плата до 27.028 денари

Редакција

„Аутомобиле-СК“ го доби тендерот на Државниот пазарен инспекторат за набавка на 10 автомобили вреден 107.000 евра

Редакција

Правниот клуч за меѓународната арбитража за Иловица лежи кај рударскиот гигант Групацијата „Трафигура“

Редакција