еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се предлозите за нови членови на Управниот одбор на „Пекабеско“?

„Пекабеско“ преку Македонската берза соопшти дека на престојното Собрание на акционери закажано за 19 декември, годинава предлага за членови на Одборот на директори да се изберат: Кутревски Слободан, Кутревски Анатол, Кутревски Марко, Миле Бановиќ, Шушлевски Славчо, Мицкоска Светлана (независен член) и Кадиев Дарио.

„Независниот член на Одборот на директори ги исполнува условите утврдени во член 3 точка 25 од Законот за трговски друштва. Оваа Одлука влегува во сила со донесувањето, а ќе се применува со уписот во трговскиот регистар. Со донесувањето на оваа Одлука, Одлуката за избор на Одбор на директори  од 30.10.2019 год донесена на Собрание на акционери одржано на 30.10.2019 година не произведува правно дејство“, се вели во предлог-одлуката.

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Лошите временски услови предизвикаа елементарна катастрофа кај голем дел од лозовите насади во Тиквешкиот регион

Редакција

Tриглав Осигурување лани со раст на добивката за 18%

Редакција

Пораснаа цените на бензините и дизелот

Редакција