еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои се симптомите на арктурус, новиот сој на коронавирус кој е регистриран и во регионов

Додека чекаме прогласување на крајот на пандемијата со коронавирусот, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на нова варијанта на Ковид-19, подваријанта на омикрон, наречена арктурус.

Новиот сој во регионов е регистриран во Словенија.

Кои се симптомите

Според досегашните сознанија она што е забележано во случаите предизвикани од оваа варијанта е дека предизвикува конјунктивитис, или црвени очи кои чешаат, кај помладите пациенти, што не беше типично за претходните видови на вирусот..

Други симптоми се чешање и висока температура.

Поголема стапка на преносливост

Експертите велат дека оваа варијанта има поголема стапка на преносливост од претходните соеви, но дека не изгледа поопасна.

Досега не се евидентирани сериозни компликации.

Според СЗО, најновата подваријанта е слична на доминантната омикронска варијанта XBB.1.5., но има дополнителна мутација во спајк-протеинот.

„Лабораториските студии покажаа дека е позаразна и попатогена“, соопшти СЗО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Останува да чекаме, СЗО конечно да прогласи официјален крај на ковид-пандемијата во светски рамки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетници со ножеви повредиле тројца на прославата на ДУИ на плоштадот „Скендербег“

Редакција

Топ 10 најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

Ги доближуваат ли ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ставовите за уставните измени: И Таравари ќе бара гаранција од ЕУ дека ќе нема нови услови

Редакција