еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се следните чекори, доколку Заев поднесе оставка до Собранието или на Владата ѝ се изгласа недоверба

Оставката на премиерот Зоран Заев повлекува оставка на целата Влада, што треба да биде констатирана од Собранието, но останува да ја врши должноста до изборот на новиот владин состав.

Во член 93 од Уставот се наведува дека „оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта.

Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада“.

Според член 219 од Деловникот на Собранието „оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Претседателот на државата во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации треба да го додели мандатот за состав на Влада на партијата или партиите кои што имаат мнозинство во Собранието.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: „Доколку Заев не поднесе оставка, ќе поднесеме иницијатива за недоверба на Владата или ќе одиме на брзи избори“

Очекувам уште поголем број на пратеници да се приклучат кон иницијативата за изгласување на недоверба кон Владата, вели Гаши

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе се задолжи со 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка, Собранието го изгласа Законот

Редакција

Лице од Шипковица на разговор во полиција за пожарот на влезот од селото

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Редакција