еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се тие функционери кои не ги фатила „метлата“, а местеле милионски тендери, за кои зборува поранешниот советник на Тевдовски, Јовановиќ?

Професорот Драган Тевдовски повеќе нема да биде министер за финансии. На неговата фотелја извесен период ќе седне премиерот Зоран Заев.

Тевдовски најверојатно ќе му стане советник на Заев.

Поранешниот советник на Тевдовски, економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ пак по објавувањето на оваа информација на Фејсбук изнесе забелешка, која сериозно треба да ги заинтересира надлежните институции, имајќи во предвид дека Јовановиќ до неодамна работеше во Министерството за финансии.

„Мислев дека „метлата“ требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари, а ништо не работеа…“, напиша Јовановиќ на неговиот фејсбук-профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи, пробиен е законскиот рок

Редакција

Актерката Силвија Стојановска и првообвинетиот Будисављевиќ не се чувствуваат виновни за шверц на кокаин

Редакција

„Жикол“ го доби тендерот за изградба на канализација во Арачиново вреден 1,7 милиони евра

Редакција