Актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска Стојковски е предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заменик министер за информатичко општество и администрација во техничката влада.
Таа претходно работела во Секретаријатот за европски прашања и во Агенцијата за странски инвестиции, каде што била координатор на економските промотори и работела на привлекување странски инвестиции.
Таа е Магистер по европско право и право на Европска Унија.
Има знаење и пракса од повеќе меѓународни обуки како што е работа на прашања поврзани со ОН, организирана од секторот за мултилатерала на МНР.
Била ангажирана и на националната програма за усвојување на правото на ЕУ, координација на ЕУ фондови и други обуки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство
Познати сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада
Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи
Фото: ВМРО-ДПМНЕ