Во 2021 година, заедничките трошоци на терестријалните телевизии кои емитуваат програма на територијата на целата држава: Телма, Сител, Алсат М, Алфа и Канал 5 изнесуваат 1,135.83 милиони денари, покажува Анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Во споредба со минатата година, вкупните трошоци се зголемиле за 10,53%.
“Најмногу средства телевизиите издвоиле за набавка на содржини – 365,05 милиони денари.
Останатите трошоци за создавање програма, во кои влегуваат материјалните трошоци, нематеријалните трошоци (услуги) и платите за лицата директно поврзани со производство на програма изнесувале речиси 416 милиони денари.
Сител потрошила најмногу средства за набавка на содржини (193,26 милиони денари) и за плати за вработените кои се директно поврзани со производство на програма (84,99 милиони денари), Канал 5 имала највисоки материјални трошоци (20,97 милиони денари), а Алфа највисоки нематеријални трошоци (26,12 милиони денари)„, стои во Анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алсат-М лани со најголема добивка, колкава е добивката на Сител, Канал5, Алфа и Телма
Колкави приходи оствариле лани Телма, Сител, Алсат-М, Канал 5 и Алсат М