еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Колку пари потрошил Заев на угостителски услуги, хотели и подароци

Премиерот Зоран Заев во вторите шест месеци од годинава потрошил 603.405 денари на угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамки на институциите, за разлика од првите шест месеци од работењето, кога таа сума изнесувала 125.200 денари, покажува дополнетата Алатка на отчетност објавена од Владата.

Хотелско сместување во странство годинава премиерот го чинело 113.544 денари, а лани потрошил 45.402 денари.

За подароци подарени на службени лица или меѓународни организации дадени за време на официјални посети и гостувања во 2018 година биле потрошени 58.730 денари, а во 2017 потрошил 24.630 денари.

Владата вчера објави дека премиерот и министрите ги намалиле службените трошоци за повеќе од 65 проценти во вторите, во однос на првите шест месеци од работењето.

Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот и министрите ги намалиле службените трошоци за 65 проценти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто Меркел ја „скокна“ Македонија во својата проштална турнеја на Балканот

Редакција

(Фото) Македонскиот модел Елена Реи во кампањи за најмоќните кинески брендови

Редакција

„Дрво-пром“ го доби тендерот на Управниот суд за адаптација и реновирање вреден 840.000 евра

Редакција