Појавата на корона вирусот во Македонија предизвика голем удар и врз пазарот на капитал, што најдобро се отсликува преку падот на вредноста на акциите што го формираат индексот МБИ 10 на Македонската берза.
Во билтенот за март што го објави берзата може да се види дека кај сите десет компании што го формираат овој индекс има пад на вредноста на акциите.
Најмал пад во однос на претходниот месец од 14,69 отсто има кај акциите на „Комерцијална банка“, а најголем пад од 30,46 отсто има кај акциите на „Макпетрол“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Акции со најголем пораст и пад на вредноста на Македонската берза
Акциите на Комерцијална банка „убедливо“ најтргувани на Македонската берза
Среде корона-кризата: Прометот на Македонската берза зголемен за 250 отсто