Комерцијална банка АД Скопје стана првата македонска банка која учестува во преземање на банка во странство.
Имено како што соопштија вчера од таму, Банката заедно со Групацијата Балфин од грчката Пиреус банка ја преземааат албанската Тирана банка, првата приватна банка.
Балфин ќе поседува мнозинство од овие акции.
Балфин има огромно инвестициско портфолио во земји како Албанија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство, кое заедно со Тирана банка достигнува скоро 1,4 милијарди американски долари.
Комерцијална банка е често наградувана банка во Република Македонија со водечки пазарен удел во корпоративното кредитирање, малопродажбата и развивање на нови производи користејќи интернет платформи. Со вкупна актива од над 1,73 милијарди евра Комерцијална банка АД Скопје е една од најголемите банки во Југоисточна Европа.
Фото: Wikimapia.org