еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Комисијата препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, а ќе има и измени на антиката во учебниците

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања усвои препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев по брифингот со новинарите во врска со усвоените решенија на Комисијата појасни дека препораките за заедничкото чествување на овие историски личности се всушност идентични текстови за заедничко чествување со кои им препорачуваат на двете влади на одредени годишници или јубилеи да се чествуваат заедно.

Во однос на учебниците, како што рече тој, препораките, по пет препораки подеднакво за македонските и за бугарските учебници, се однесуваат на некои структурални недоследности во лекциите, потоа на фактографски грешки, историската географија, односно како се претставени одредени географски реони во ученбниците, бидејќи, како што рече, во тие сегменти забележавме најмногу пропусти и во двата образовни системи.

– Препораките не допираат во идентитетските прашања, и истите се посветени на тоа да се избегне митологизацијата на тој антички период на двете страни и да се избегне денешната национална перспектива. Од тој аспект сметаме ќе се подобрат учебниците по историја во двете земји, рече Ѓоргиев.

Во однос на учебниците, појасни Ѓоргиев, препораките се однесуваат на оние места во учебниците во историја каде нашата страна сметала дека треба да има подобрување во бугарските учебници во одредени теми и обратно. Овие препораки одат до Владата, која треба да ги усвои и понатаму да продолжи процесот при пишувањето на идните учебници по историја и да се земат препораките во предвид.

Препораките, додаде Ѓоргиев не се со задолжително усвојување, бидејќи тоа е препорака на Комисијата, а како ќе се одвива понатаму е во рацете на институциите.

– За заедничкото чествување на историските ликови, главни критериуми за Комисијата беа презентација на универзалните вредности на тие личности за придонесот на тие личности во развивањето на христијанската култура, традиција на овие простори и секако придонесот на тие личности за развојот на словенската, сесловенската писменост. Се трудевме во тој контекст текстовите да имаат поширок регионален апсект, заклучи Ѓоргиев.

Според Протоколот што на 17 јули во Софија го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, во рок од еден месец од потпишувањето на документот, двете држави треба да ги објават на интернет-страниците на двете влади веќе усвоените препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања.

Препораките денеска се објавени на веб-страницата на македонското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цар Самоул владеел со Бугарско царство во Македонија: Што пишува во препораките на историската Комисија со Бугарија

Ѓоргиев: Комисијата по секоја цена нема да носи решенија за историските недоразбирања

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Светлана Мојсов, Македонка која е меѓу 100. највлијателни во светот според „Тајм„

Редакција

Реплек најавува уште поголем раст во 2024 година

Редакција

(Видео) Дејвид Гета одржа онлајн концерт од Мајами, го следеа стотици илјади фанови низ светот

Редакција