Компанијата чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.
Tуристичката агенција „Беса транс“ функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло.
Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија.
– Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо, изјавиле од компанијата за „24 часа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седуммината повредени кои се во болница во Пирогов се во стабилна состојба, вели Филипче
МИА/Фото: Фејсбук/Беса транс
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.