еМагазин
Image default
Бизнис

Компанијата „ИНТ“ од Кочани ја доби наградата за претприемништво во земјите од Централна и Југоисточна Европа

Компанијата „ИНТ“ од Кочани ја доби наградата за претприемништво за 2018 година во конкуренција на повеќе од 300  компании од земјите од Централна и Југоисточна Европа.

Наградата се доделува во рамки на проектот Самит на претприемачи “300 најдобри” и “Креатори на векот”, а досегашни нејзини добитници се најугледните претприемачи од Германија, Италија, Хрватска, Словенија,  Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија.

Одлуката за признанието го донел меѓународен комитет составен од 13 експерти за економија, маркетинг, трговија, менаџмент, финансии и претприемништво од осум држави во регионот.

– Денеска нè известија дека нашата компанија е добитник на ова престижно признание што ќе ни биде врачено на регионалниот самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа, а чиј домаќин следниот викенд ќе биде хрватскиот град Дубровник. За нас тоа е посебна чест, особено што се вбројуваме меѓу најдобрите фирми во овој дел од европскиот континет, а ќе претставува дополнителен мотив да продолжиме со истот темпо, истакна Николчо Илијев, основач на „ИНТ“ и актуелен градоначалник на Кочани.

Текстилната компанија „ИНТ“, која е основана пред 20 години, вработува над 100 работници и неклку години по ред се вбројува меѓу најуспешните 200 во нашата држава.

Досегашни добитници на наградата „Кретори на векот“ од Македонија се Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на винаријата „Тиквеш“, Трајче Мукаетов (постхумно) и Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор на компанијата „Алкалоид“.

МИА/Фото: Фејсбук/Илијев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доне Таневски си поднесе оставка од Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

ХОТАМ: Угостителските и хотелските работници да имаат приоритет во вакцинирањето против Ковид-19

Редакција

Владата не била информирана за одлуката на менаџментот да го затвори „Македонско село“ и ги повика на состанок

Редакција