еМагазин
Image default
Бизнис

Владата и бизнисмените заеднички против корона вирусот: Можна поддршка за одредени сектори

Претседателот на Владата Оливер Спасовски и заменичките на претседателот, Радмила Шекеринска и Мила Царовска заедно со владиниот економски тим и повеќе министри, денеска одржаа работна средба со претставници на стопанските комори во земјава на која се разговараше за ситуацијата со корона вирусот (Ковид-19) и индикациите врз економијата и животот на граѓаните.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е заклучено дека ширењето на коронавирусот е заеднички проблем, и оти во оваа ситуација сме сите заедно и заеднички треба да ги решаваме проблемите.

„Ви благодарам што одговоривте на нашата иницијатива, денешната средба е многу важна, бидејќи во оваа ситуација за решавање и ублажување на проблемите кои евентуално би се појавиле во иднина сме заедно и заедно ги подготвуваме сите мерки кои ќе помогнат да немаме застој во економијата и нема да пречат во продолжување на работниот процес на компаниите“, рече премиерот Спасовски на средба на која присуствуваа и претставници на Царинската управа, Управата за јавни приходи и Народната банка.

Спасовски нагласи дека составот на присутни министри и претставниците на бизнис асоцијациите е всушност работна средба на Кризен штаб, кој во овој состав ќе продолжи да биде во редовна комуникација во наредниот период кога се применуваат мерки и се упатуваат пораки во врска со евентуалните кризи при справувањето со корона вирусот.

Констатирано е дека пораките и одлуките во врска со коронавирусот се носат и се пренесуваат на централно ниво, и оти Владата ќе продолжи со комуникацијата и координацијата со стопанските комори и ќе излезе во пресрет на реалните потреби за поддршка во одредени сектори доколку за тоа има потреба.

„Потребно е сите заеднички да ги почитуваме мерките, кои ги преземаме, бидејќи очигледно е според искуствата на други земји, дека каде се преземени радикални чекори таму има и позитивни резултати за справување со кризата во економијата“, рече Спасовски информирајќи ги присутните дека комуникацијата и информирањето на сите граѓани се одвива на високо ниво, за да се избегнат дезинформациите, лажните вести и создавањето паника.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска информира дека е во постојана комуникацијата со претставниците на бизнис секторот во земјата и веќе е разговарано за реорганизација на производствените процеси и воведување нови смени доколку е потребно.

„Компаниите што имаат потреба да ја реорганизираат својата работа во смени, тоа да го направат за да нема застој во работењето, а работниците кои имаат деца до 10 години да соработуваат во реорганизацијата. Ги повикуваме компаниите што имаат можност да ја организираат својата работа од дома и со тоа да го спречат ширењето на корона вирусот“, рече Царовска.

Претставниците на Владата информираа за дополнителните мерки кои изминатите два дена се донесени, а се однесуваат на подобрување на информираноста и достапноста на потребните информации на сите граѓани во врска со вирусот „Ковид-19“, преку кол-центарот, објавување на сите информации на сајтот на Владата, објавувања на сите заклучоци и мерки преку МИА и МРТ, како и со секојдневните прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче, се вели во соопштението од владината прес-служба.

МИА

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

Детална листа: Владата донесе нови мерки и препораки за превенција на корона вирусот

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

Храна ќе има доволно: Корона вирусот “удри„ и на мелничко-пекарската индустрија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катастрофална година за тутунарите: Помал род и послаб квалитет

Редакција

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Скопски пазар“ за 88.000 евра

Редакција