еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Комплетно реновирани два оддела на Клиниката за токсикологија

На Универзитетската клиника за токсикологија комплетно се реновирани одделите за токсикологија и детоксикација, а инвестицијата е во вредност од 9,5 милиони денари, информираат од Министерството за здравство.

Станува збор за комплетно реновирање на болничките соби, опремување со нови кревети и мебел, 24-часовен централен надзор и мониторинг на сите витални параметри на сите хоспитализирани пациенти, како и комплетно реновирање на сите тоалети на овој кат.

Оваа инвестиција значи унапредување на условите за третман и успешно лекување на пациентите.

Во претстојниот период е предвидено да се реновира и приземниот амбулантски простор, со што ќе се заокружи реновирањето на комплетниот амбулантско-стационарен дел на клиниката, а предвидена е и нова токсиколошка лабораторија, што ќе значи третман на акутните интоксикации по најсовремените светски протоколи.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Тодоров: Нема да го бојкотирам референдумот, но ќе го направам гласачкото ливче неважечко

Редакција

Вучиќ пред средбата со Путин: Не се мешам во внатрешните работи на Македонија, но НАТО и ЕУ да покажат поголема почит

Редакција

Куќата во Битола каде е сместен бугарскиот клуб е на еврејско семејство кое е депортирано: Репортажа на германската телевизија ЗДФ

Редакција