еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожарот во Тетово конечно е изгаснат, вели Касами

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами преку социјалните мрежи објави дека конечно е целосно изгаснат пожарот во магацините на компанијата „Пофикс“ во поранешниот тутунски комбинат „Македонија Табак“.

Пожарот започна вчера во 9:30 часот, а при крајот на денот се локализираше. Ноќеска и до раните после пладневни часови се уште имаше чад и непријатна миризба од ова место на излезот од Тетово кон Скопје.

–По многу напори на екипата на Територијалната противпожарна единица и доброволци, конечно е изгаснат пожарот во магацинот на фабриката „Пофикс“. Напорите од нашите херои го дадоа долгоочекуваниот резултат.

Ваквите настани посакувам да не се повторат, со надеж дека иднината ќе биде добра и светла. Благодарност до сите учесници кои помогнаа во овие два исклучително тешки дена, порача Касами.

Граѓаните на Тетово се жалат дека во воздухот се уште се чувствува непријатна миризба.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките имаат конкуренција: Преку „Фејсбук“ нудат заем од 5.000 до 1.000.000 евра со камата до 3%

Редакција

„БМЈ груп“, Меѓународен сојуз и „Томато продукција“ затаиле данок повеќе од 20 милиони денари

Редакција

Блаже Сапунџиев од Кавадарци, кој со години бил на дијализа доби бубрег од Верица Белчовска

Редакција