еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Конзорциумот „Зимак“ и „Новоматрикс“ го доби тендерот на ЕСМ за помошна механизација вреден 3,2 милиони евра

Акционерско друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) по распишаниот тендер за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива во ПЕ Рудници (РЕК Битола) склучи два договори со конзорциумот „Зимак“ од с.Братиндол и „Новоматрикс“ ДООЕЛ Битола.

Вредност на првиот договор со вклучен ДДВ изнесува 123.900.000 денари, а на вториот 74.340.000 денари.

Вкупната сума на двата договори изнесува 198.240.000 денари или околу 3,2 милиони евра.

Предмет на договорите се користење на багер и булдожер за период од една година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што прифати Заев од барањата на Алијансата за Албанците за уставните измени

Редакција

На секој час нов пожар низ Македонија

Редакција

Двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Димитровски и Илијев, и поранешната директорка на ДПИ, од затворски одат во куќен притвор

Редакција