Во периодот јануари-јуни 2020 година „Оилко“ оствари вкупни приходи во висина од 187,68 милиони денари и кај истите има 4,7% намалување споредбено со истиот период од 2019 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество, 92,98% имаат приходите од домашен транспорт на деривати кои во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување од 3%.
Во периодот јануари-јуни 2020 година друштвото оствари вкупни расходи во висина од 179,02 милиони денари и кај истите има 2% намалување споредбено со истиот период од 2019 година.
Во структурата на вкупните остварени расходи најголемо учество, 35,15% имаат расходите за трошоци за вработени кои во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат пораст од 5%“, велат од компанијата.
„Оилко“ заклучно со 30.06.2020 година оствари добивка по оданочување во висина од 7,4 милиони денари и истата е намалена за 40% во однос на истиот период од 2019 година.
„Ваквиот резултат се должи на значително намалување на приходите од транспорт на деривати на домашниот и странскиот пазар како резултат на ново настанатата вонредна состојба во државата предизвикана од пандемијата Ковид-19, истовремено со стагнација и незначително
намалување на оперативните расход“, соопшти компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Макпетрол“ и Андреја Јосифовски ќе се „офајдат“ од дивидендата од „Оилко“
Тројца менаџери на Оилко лани имале примања од 80.000 евра
„Оилко“ со добивка од 8,8 милиони денари за три месеци
Фото:Оилко