еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Корона вирусот гасне работни места: Зголемен бројот на невработени лица

Бројот на невработени во периодот јануари-април се зголемил за над 10.000 лица, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Станува збор за прв знак дека кризата предизвикана од корона вирусот го зема својот данок преку отпуштања на работници.

Тоа го покажаа и податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за бројот на работниците во индустријата кој во март годинава, во однос на истиот месец лани е помал за 4.5 отсто.

Бројот на работниците во март бележи опаѓање во секторите: рударство и вадење на камен од 1.6 %, преработувачка индустрија од 4.8 % и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и лиматизација од 0.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 0.9 %, интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 %, трајни производи за широка потрошувачка за 9.0 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека пораст од 0.3 % бележи кај капитални производи.

Инаку, според последните податоците на Државниот завод за статистика објавени на 20 март годинава, во 2019 година, активното население во земјава изнесува 964.014 лица, од кои вработени се 797.651, а 166.363 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57.2, стапката на вработеност 47.3, додека стапката на невработеност изнесува 17.3.

Сега се исчекуваат податоците на ДЗС за активното население односно бројот на невработени во првото тримесечје од годинава за да се види колкав е ударот на корона кризата врз пазарот на трудот.

Од ДЗС веќе соопштија дека е можно да има доцнење со одредени податоци пореди кризата предизвикана од корона вирусот.

„Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, предизвикана од епидемијата на вирусот корона, како и вонредната состојба во државата и мерките наложени од Владата, Државниот завод за статистика вложува напори да продолжи со редовно одвивање на работниот процес и објавување на статистичките податоци според Календарот на објавување.

Имајќи предвид дека состојбата се менува од ден во ден, дека се прекинати анкетните истражувања на терен и дека некои деловни субјекти-даватели на податоци се затворени како последица на епидемијата, во претстојниот период може да дојде до доцнење на одредени податоци.

Почитувани корисници, ве молиме да имате разбирање за евентуалните доцнења на податоците за што навремено ќе известуваме и да го следите Календарот на објавување каде што ќе ги најавуваме сите поместувања на објавувањето на податоците“, соопштија од ДЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горчлива првомајска честитка за работниците: Нови услови за помош или за отпуштања

Finance Think: Компромитирана мерката за финансиска поддршка, можно максимизирање на отпуштањата

Анкета на Стопанската комора: Отпуштања најавиле 13 отсто од компаниите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел од обвинетите за насилството во Собранието: Немојте дечињата на пратениците кои гласале, да бидат под страв

Редакција

Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица, 10 илјади тони домашна не е откупена

Редакција

Едно лице почина од Ковид-19 во Велес, на кислородна поддршка се 8 пациенти

Редакција