еМагазин
Image default
Убава приказна

„Космонаутката“ на македонската дизајнерка Иванова „го освои“ Њујорк

Накитот на дизајнерката Александра Иванова стигна во Њујорк, поточно ѓерданот „Космонаутка“ која на себе го носи стилската икона Dayle.

„Dayle е модна инспирација и позната на Инстаграм по своите комбинации на облека и додатоци инспирирана од боите на уметноста и градот. Таа е подвижна уметност.

Сето ова го правам со верба и посветеност. Благодарение на мојата неприлагодливост согледувам нови начини и перспективи. Тоа што некогаш ме мачеше „оти не сум вклопена“ сега ми отвора нови патишта (надвор од кутијата). Колку појасна сум со себе, појасна сум за другите. Само една срушена ментална бариера дека Њујорк е недостижен и далеку. До Велес повеќе патувам, а до Њујорк преку интернет за неколку секунди“, напиша Иванова на нејзиниот фејсбук-профил.

Повеќе за уметноста на Иванова прочитајте ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонскиот моден бренд „Елена Лука“ во британски „Вог“

Редакција

(Фото) Македонскиот интернационален модел Татјана Јанушева во кампања на светскиот бренд Champion

Редакција

(Фото) Лоба и Her Line ја лансираа спортската шик лајфстајл линија за сезона пролет/лето ’23 „Blooming Monochrome” 

Редакција