еМагазин
Image default
Убава приказна

„Костал Македонија“ доби признание од Стопанска комора, за придонес во домашната економија

„Костал Македонија“ ДООЕЛ – Охрид, која започна со работа во 2016 година во дел од поранешниот индустриски комплекс на „ЕМО“ – Охрид, е еден успешен пример за „brownfield“ инвестиција, изградена на постојниот капацитет кој беше во многу лоша состојба.

„Со иницијатива на сопствениците и менаџерите на „Костал“ Групацијата, односно со инвестицијата која ја направија, дел од овој индустриски комплекс повторно успеа да заживее и да се издигне во една успешна компанија со околу 400 вработени, со перспективи за натамошни инвестициски вложувања и уште повеќе нови вработувања, што претставува значајна придобивка и за поттикнување на економскиот развој на регионот, и на целата држава“, истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија кој на компанијата ѝ додели признание за придонес во домашната економија.

„Костал Македонија“ ДООЕЛ – Охрид е германска компанија која започна со работа во 2016 година. „Костал Груп“ е семејна компанија со традиција од 4 генерации, формирана во 1912 година и деловни активности во 21 земја на 5 континенти, со над 20.000 вработени и годишен обрт од 2,8 милијарди евра.

Групацијата произведува електроника, електромеханика и мехатроника, со широк спектар на употреба во автомобилската индустрија. Согласно проектот за инвестирање, досега „Костал Македонија“ има вложено над 25 милиони евра, со вкупно 400 вработени.

Вкупната површина на производствениот погон во кој моментално се врши производство изнесува 5800 м2 и уште толку дополнителен магацински простор. „Костал Македонија“ најави и проширување на производствените капацитети на површина од 19.595 м2, дополнителни вложувања од 40 милиони евра, со вкупно 1150 вработени.

Постојни клиенти на фабриката во Охрид се реномирани светски брендови, како што се se „БМВ“, „Дајмлер“, „Порше“, „Тесла“ и „Ролс Ројс“.

Фото: Костал/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте го Рептил од другата страна: Посакуван работодавач на силно конкурентниот македонски пазар

Редакција

Петти роденден: Како се роди еМагазин

Редакција

15 студенти по хемија и фармација ќе може да стекнат тримесечна пракса во Алкалоид

Редакција