еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски: Оставив на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат во кој формат ќе биде средбата в среда, очекувам отворен разговор

Премиерот Димитар Ковачевски за најавените разговори со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски в среда, рече дека оставил на опозициската партија да избере во кој формат ќе биде средбата.

Кажа дека една од темите ќе биде носењето одлуки за европска интеграција на државата, а втората е активностите на сите политички чинители во државата во врска со односите со соседите.

-Поканата е испратена до ВМРО-ДПМНЕ во која многу јасно стои да си изберат во кој формат сакаат да биде средбата – дали да биде еден плус нула, еден плус еден, еден плус два, зависно од тоа дали имаат доверба меѓу себе па смеат да зборуваат еден пред друг или сакаат да одат сами на средба.

Јас оставив да избере раководството на ВМРО-ДПМНЕ или претседателот на ВМР-ДПМНЕ и тие го избраа форматот. Средбата ќе се случи во среда во 11 часот на две теми. Едната тема е носењето на одлуки за европска интеграција на државата и втората е активностите на сите политички чинители во државата во однос на односите со соседите.

Тоа се две исклучително значајни теми од коишто зависат интеграциите на државата и што побрзото зачленување во ЕУ, кажа Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по увидот на рехабилитација на пат Демир Капија – Неготино.

Повтори дека во државата постојат два концепти – едниот е концепт за европска Македонија и вториот е концепт којшто го предводи Левица и којшто е за изолирана Македонија.

-Јас се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да се надмине себе си и барем еднаш во овие 32 години независна Македонија да поддржат одлука со која што државата ќе се интегрира после интегрирањето во НАТО и во ЕУ.

Така што, заклучоците се многу едноставни. Имаме на една страна интеграција во ЕУ, а на друга страна изолација. И јас се надевам дека тоа што го сакаат сите граѓани ќе го изберат и сите политичари, а тоа е интеграција на државата во ЕУ, оцени Ковачевски.

Ковачевски рече дека на средбата очекува отворен разговор за сите аспекти на двете теми, изразувајќи надеж дека ќе изнајдат заеднички јазик за тоа на кој начин треба да се продолжи кон интеграција во ЕУ, бидејќи, како што рече, во спротивно е изолација која што ја гледаат сите граѓани во државата.

Тој рече и дека избори ќе има во редовниот термин, прво претседателски избори, а потоа парламентарни избори.

-Постапката за уставни измени е многу јасна. Иницијативата од работната група е доставена до Министерството за правда, тие ќе го достават до Владата, Владата ќе ја разгледа и потоа ќе ја достави до Собранието каде што потоа се отвора процедура на Комисија за уставни прашања, па потоа на пленарна седница и изразувам уште еднаш надеж дека сите пратеници ќе бидат на ниво на задачата да ги застапуваат интересите на граѓаните, а врвен интерес на граѓаните е интеграција во ЕУ, бидејќи тоа се гледа секојдневно и низ сите изминати 30 години нашите граѓани сакаат да живеат во ЕУ, рече Ковачевски.

Повторно посочи на фактот дека порано беше незамисливо наши граѓани да одат да работат во Словачка, во Чешка, во Полска, во Романија што денес е реалност а тоа е само затоа што овие држави станаа земји членки на ЕУ и имаат повисок животен стандард, бидејќи, како што кажа, интеграцијата во ЕУ значи и работа на заедничкиот пазар на Европската унија, половина милијарда луѓе колку што е голем тој пазар најбогатиот пазар во светотот.

-И навистина кога сега постои отворен прозорец за влез во ЕУ тој треба да се искористи, додаде премиерот Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средбата Мицкоски-Ковачевски ќе биде тет-а-тет, ќе и претходат разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела од Ковид-19 починале 68 лица

Редакција

Македонија засега нема да нарачува од вакцините „Спутник V“, кои почна да ги произведува Србија

Редакција

Продадени три стана и гаража на Мијалков за 332 илјади евра

Редакција