еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски по поднесување на кандидатурата за претседател на СДСМ: „Одлуките ќе ги носам врз основа на мојот интегритет и работа“

Актуелниот заменик министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска официјално ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ.

– Согласно роковите денеска ја поднесов мојата кандиратура за претседател на партијата, заедно со мојата визија и програма – Заедно, одговорно и посветено.

Програмата се базира на три столба – социјалдемократска визија и вредности на работењето, економски раст и зголемување на животниот стандард и фер шанса и јасен систем со кој најдорбите ја добиваат одговорноста и шансата, изјави Ковачевски, пред седиштето на СДСМ.

Според Ковачевски, СДСМ поминува низ еден предизвик, во кој мора да се менува и каде секој член на партијата е значен и секој еден член на партијата ќе го каже својот глас.

– Една од моите основни заложби е да го вратиме единството во партијата и да го вратиме единството во општеството за да можеме да имаме посилни демократски партии и да имаме посилно општество.

Најзначајно за нас е да ја вратиме вербата дека можеме сами и мораме сами да го унапредиме нашето општетсво, притоа имајќи го во предвив јасниот пат на нашето општество во европските интеграции, изјави Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање за преговорите со Алтернатива за влез во Владата, Ковачевски, изрази надеж дека Алтернатива ќе донесе позитивна одлука, која на крајот зависи од нивните партиски органи, и стане дел од владиното мнозинство, бидејќи, како што рече, тоа ќе обезбеди стабилна влада која ќе може да ги решава големите проблеми пред државата, како што е глобалната пандемија, европската енергетска криза и предизвици за задржување на животниот стандард на граѓаните.

Во однос на тоа дека ќе има силно влијание од Зоран Заев, Ковачевски рече дека неговото работење и неговиот интегритет ќе ги потврди преку неговото работење и одлуките кои ќе ги носи, доколку биде избран за претседател на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Димитар Ковачевски се споменува за нов мандатар, и кога тој стана висок „партиски играч“ во СДСМ

Каков имот пријавил Димитар Ковачевски, кој ќе се кандидира за претседател на СДСМ

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано, реагираат од Агенцијата за супервизија на осигурување

Редакција

Пасоши и лични документи веќе се издаваат во законски рок од 15 дена, велат од Владата

Редакција

(Фото) Крушево е бајка за божиќните празници

Редакција