еМагазин
Image default
Бизнис

Ковид-19 го „зарази“ и „Макпетрол“: Добивката намалена за 65%

Во првото полугодие од годинава „Макпетрол“ АД – Скопје оствари вкупен приход во износ од 7,97 милијарди денари, кој е помал од минатогодишниот за 2,40 милијарди денари, односно остварен е пад од 23,19%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Во структурата на приходите, најголем удел со 98,9% имаат приходите од продажба, од коишто 96,4% од приходите се остваруварени со продажба на домашниот пазар.

„Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 7,87 милијарди денари што претставува намалување во однос на минатата година за 2,23 милијарди денари или за 22,09%.

На крајот на овој период, друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 92,95 милиони денари која е помала за 65%, односно, помала за приближно три пати од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 265,57 милион денари.

Основна причина за намалување на остварените приходи и  добивката е намалување на прометот на стоки и услуги со почнување на епидемијата, односно пандемијата предизвикана од заразата со
вирусот Ковид–19“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на природен гас вреден 460.000 евра

„Макпетрол“ ќе исплати дивиденда од 2.000 денари за акција

„Макпетрол“ и Андреја Јосифовски ќе се „офајдат“ од дивидендата од „Оилко“

Фото: Макпетрол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фабрика „Карпош“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на бул. „Босна и Херцеговина“ вреден 149 милиони денари

Редакција

Стопанска банка Скопје ќе дели бруто дивиденда од 4 денари по приоритетна акција

Редакција

Агенцијата „Спид“ го доби тендерот на општина Струга за привремени вработувања „тежок“ 65.000 евра

Редакција