еМагазин
Image default
Свет

Ковид-19: САД одобрија тест на плунка, испробан во НБА

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) го одобри на Медицинскиот факултет тестот на плунка за медицинската помош во итни случаи за откривање на Ковид-19, кој беше тестиран на играчи и персонал на Националната кошаркарска асоцијација  (НБА).

SalivaDirect, петтиот тест на плунка за Ковид-19 одобрен од ФДА, не бара брис или уред за собирање и користи плунка на лица за кои постои сомнение дека имаат коронавирус.

Комесарот на ФДА, Стивен Хан, тестот го нарече „револуционерен“ поради неговата ефикасност.

SalivaDirect се смета за евтина, поедноставна и помалку инвазивна метода за тестирање за која не е потребна екстракција на нуклеинска киселина и може да се користат неколку лесно достапни реагенси.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на нафтата се намали под 125 долари

Редакција

Москва си најде нов пазар: Зголемена побарувачката за руска нафта во Азија

Редакција

Путин нареди руската армија да ги стави нуклеарните сили во „специјална“ состојба на готовност

Редакција