еМагазин
Image default
Локално

Крими-филм во Кичево: Дилерот пред полицијата ја фрлал дрогата во тоалет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(33) од Кичево, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“, информира МВР.

На 23-ти овој месец во Кичево од страна на полициски службеници при претрес во домот на пријавениот, истиот давал пасивен отпор и со туркање ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија. Пријавениот од работната маса во кујната зел две кеси со бела прашкаста материја и ги фрлил во тоалетот, но бил спречен да пушти вода. При претресот биле пронајдени и одземени одредена количина кокаин, марихуана и 188.100 денари, два мобилни телефони и сим картичка.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Машиновозач забележал машки труп на пругата Велес – Градско

Редакција

(Галерија) Градски парк преполн, граѓаните уживаа во кино на отворено

Редакција

На „Тиквешки гроздобер“ испиени 25 илјади литри вино, на последната вечер Кавадарци го посетиле 65 илјади лица

Редакција