Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска потврди дека вчерашното пукање во скопскиот трговски центар Ист Гејт, во кое се повредени две лица е криминална пресметка.
-Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги има, практично тие се криминални групи, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време, во многу оперативни акции што сме ги презеле, секојдневно.
Во врска со инцидентот, посочи дека од вчера активно се работи.
-Формиран е посебен штаб во Секторот за внатрешни работи-Скопје. Приклучени се тука од Одделот за криминалистичка полиција, форензика, Одделот за организиран криминал, итн..
Сите заеднички прибираат информации, докази за Јавното обвинителство, се со цел да се утврдат фактите и да може да се открие сторителот, меѓутоа и мотивите коишто се во однос на овој настан, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Веста за пукањето во Ист Гејт одекна и во регионов
Вознемирувачко видео од нападот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт
(Фото) МВР објави фотографија од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт
Фото: МВР