еМагазин
Локално

Криумчарите уриваат рекорди: Во „БМВ“ возел 10 мигранти

На 11.09.2018 година во 01.00 часот на бул.„Гевгелија“ во Гевгелија, поради редовна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. При прегледот на возилото биле откриени 10 лица–мигранти, осум од Пакистан и двајца од Авганистан, информира МВР.

Возачот побегнал од лице место, но по кратко време бил стигнат и лишен од слобода. Се работи за лицето В.Ф.(35) од с.Студеничани, скопско. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неколку женски лица тепале девојка пред ноќен клуб во центарот на Скопје

Редакција

(Видео) Заглавено комбе, поплавени куќи и улици во Тетово поради поројниот дожд

Редакција

Десет патници повредени во судир на возило на МЖ Инфраструктура и комбе кај Порцеланка во Велес

Редакција