еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против цариник од Охрид: Пропуштал прехранбена стока на дебарчанец без давачки

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Г.М.(51) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира МВР.

Тој, како царински службеник на граничниот премин „Блато“, на македонско-албанската граница, пропуштил разновидна прехранбена стока без декларација, сопственост на В.И. од Дебар и овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување на царинска контрола и без наплата на увозни давачки.

Со тоа, му овозможил на В.И. да се стекне со противправна имотна корист во износ од околу 468.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албански државјанин починал при градежни активности во селото Баланци

Редакција

Ексдиректорка на градинката „Мајски цвет“ во Карпош сама си го продолжила мандатот

Редакција

Штипјанец им продал „лек“ за кожни болести што им наштетил на здравјето

Редакција