еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за директор на средно училиште во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Д.(38) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, информира МВР.

Во периодот од ноември 2017 година до март 2018 година пријавениот, како директор на средно општинско училиште во Гостивар, присвоил мобилен телефон, кој бил сопственост на училиштето, додека во повеќе наврати, од сметката на училиштето, искористил вкупно 12.000 денари за гориво, без да приложи соодветна документација.

Исто така на 17.02.2018 година пријавениот спротивно на Правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта, овозможил да се организира и спроведе еднодневна екскурзија во Р.Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автобусите на ЈСП поради државниот празник 8 Септември ќе возат според неделен возен ред

Редакција

(Видео) Како изгледаше торнадото во Неготино

Редакција

Му фрлил бомба во домот во Драчево: Оштетени „Ауди“, „Рено“ и „Голф“

Редакција