Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(40) од с.Велешта,струшко поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, информира МВР.
„Б.Н. во период од три месеци во 2020 преку мобилен телефон испраќал пораки и упатувал закани на семејството на 58-годишен маж од с.Лабуништа,струшко за наводен долг кој требало да го исплати неговиот син“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.