еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за вработена во Секторот за урбанизам во општина Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К. (67) од Охрид, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информира МВР.

Во период од октомври до декември 2016 година, пријавената во својство на виш соработник во Секторот за урбанизам, управување со градежно земјиште при Општина Охрид, несовесно постапувала во управен предмет за утврдување правен статус на бесправни објекти.

При тоа без доставено правосилно оставинско решение од надлежен нотар, изготвила Решение за утврдување правен статус на бесправни објекти, урбанистичка согласност за бесправен објект семејна куќа запишана во имотен лист на име и во корист на Л.Б., со што овозможила истата да се стекне со целокупниот имот од нејзиниот покоен сопруг, при што била нанесена штета на неговата ќерка А.Б.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден работник по пад од покрив

Редакција

Во грмушка скрил вреќа со пет и пол килограми марихуана

Редакција

Маж пронајден починат во водите на Пчиња кај Катланово

Редакција