еМагазин
Image default
Македонија

Кривичниот суд Скопје денеска ќе ја објави пресудата за „Тортура”

Во Кривичниот суд Скопје денеска е предвидено да се објави пресуда на за случајот „Тортура”.

Како прво обвинет во овој случај е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и шест припадници на полициската единицата „Алфи”.

Случајот за овој предмет го води судијката Александра Ристовска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Според обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство, првообвинетиот Сашо Мијалков како службено лице, директор на УБК, поради дискриминација врз основа на политичка определба, ги навел обвинетите да ги преземат дејствијата на извршување што се наведени во диспозитивот на обвинението и воедно за таквото негово дејствие е обвинет дека сторил кривично дело мачење и друго сурово, нечовечно и сурово постапување и казнување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парламентарното мнозинство е стабилно и ќе расте, притисок врз Реџепи вршела опозицијата, велат од СДСМ

Редакција

Еден од новопочинатите од корона вирусот немал контакт со потврден случај

Редакција

Oд полноќ изборeн молк: Завршува изборната кампања

Редакција