еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Куќен притвор за маж кој преку Фејсбук му се заканувал на градоначалникот на Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело „Загрозување на сигурноста“.

Лицето, како што информира Jавното обвинителство, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев дека „нема да умре од болест или старост“.

Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од осум дена на осомничениот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „ТНТ“, ќе се сослушуваат сведоци

Редакција

Ревизорите откриваат: Македонската пошта во наталожени загуби од 10 милиони евра, важно менаџерите осигурани

Редакција

Самохрана мајка на две малолетни деца боледува од рак и има потреба од нашата помош

Редакција