еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Кујните во училиштата во Карпош ќе бидат отворени бидејќи не била откриена салмонела

Лабораториските резултати од испитаната храна земена од централниот магацин на „Ванила Фуд” што се наоѓа во ОУ „Димо Хаџи Димов” се со уреден наод, исто како и мострите од четирите кујни во основните училишта каде се приготвува храна. Тие се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, односно, кај нив не е утврдено присуство на бактеријата салмонела, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Оттаму информираат дека ги добиле резултатите од земените мостри храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Oпштина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и каде беше спроведен вонреден инспекциски надзор.

„Во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна земени се мостри само од работните површини за кои резултатите се уште не се добиени, бидејќи при надзорот, не е затекната подготвена храна.

Најдени се само производи и суровини за подготовка на храна доставени од централниот магацин, од каде претходно веќе биле земени мостри, за кои лабораториските наоди потврдија отсуство на салмонела, односно, истите се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По појавата на салмонела, времено затворени кујните во шест училишта во скопски Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоки нето-плати во октомври

Редакција

Каков имот пријавил Илхан Рахман, заменик министер за политички систем

Редакција

Ѓорѓи Доновски избран за претседател на Одборот на директори на Раде Кончар – Апаратна техника, а Татјана Лазаревски за извршна директорка

Редакција