Четириесет и шестгодишен кумановец ги убил сопругата и нејзината мајка по што се самоубил. Од полицијата информираат дека случајот е пријавен денеска околу 14:25 часот.
– Денеска (25.08.2023) околу 14:25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.)
Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себе си и скокнал од прозорецот. Д.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, каде починал, соопшти полицијата.
Јавен обвинител и екипа на СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.