Девочје од Куманово на возраст од девет години било нападнато во влез на зграда, од жител на Куманово кој се обидел да изврши полово дејствие врз неа.
Како што соопшти МВР, полицијата поднела кривична пријава против Ф.А. (31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
-На 8 јуни 2020 околу 21 часот, додека бил пред станбена зграда во Куманово каде живее, го забележал девојчето на возраст од девет години и во влезот од зградата се обидел да изврши полово дејствие, но не успеал, се наведува во соопштението на МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.