еМагазин
Image default
Локално

Кумановец почина по пад од пет метри

На 03.04.2019 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.30 часот во индустриската зона „Чојлија“, атар на село Чојлија, скопско, од објект во изградба, Н.Н.(68) од Куманово, паднал од околу пет метри висина додека изведувал работни задачи, информира МВР.

Тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болница во село Петровец, каде во 15.00 часот починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во институтот за Судска медицина за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драчевчанец си ја бара сопругата

Редакција

Обвинителство ја „чешла“ фирмата која ги ангажирала градежните работници кои загинаа во Шипковица

Редакција

Почина пешак по удар од „ауди“

Редакција