еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ламбе Алабаковски: Среќен и радосен сум што го запалив бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Пејачот Ламбе Алабаковски во „Бомбакис поткаст“ за првпат во јавноста даде став за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Алабаковски вели дека бил радосен и среќен за тоа што го подметнал пожарот во клубот.

„Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции.

Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, рече Алабаковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Бугарија не и се бендиса казната за Ламбе Алабаковски

Ламбе Алабаковски доби условна казна затвор од шест месеци за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

Фото: „Бомбакис поткаст“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 206 оздравени од Ковид-19

Редакција

Со 65 гласа во Собранието изгласана техничката влада

Редакција

Продолжува судењето за настаните во Собранието на 27 април

Редакција