еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Латас се извини: Целта е да ме тргнат од јавноста

Новинарот Драган Павловиќ – Латас во изјава за Канал 5 вели дека жали ако некого повредил со изјавата во подкастот на Стефан Лазаров и дека секој има право да ги толкува работите на свој начин.

-Мене ми е лично жал ако некој се почуствувал навреден, затоа што бил повреден или повикан од тоа, затоа што има право да си ги толкува на свој начин работите во однос на она што ние го кажуваме, така да можам да им се извинам на тие луѓе навистина повредени и навредени и кои го виделе тоа видео, а не прочитале наслов или некој им кажал, рече Латас

Тој додаде дека и Лазаров и тој кажале дека никој од нив во неговиот исказ не препознале дека станува збор за раскажување на некое силување, бидејќи не станувало збор за силување.

-Но, тоа ќе го кажаме таму каде што не повикаа, посочи Латас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение против Латас и Лазаров, за новинарот се бара одземање на пасошот, а на двајцата да им се забранат јавни настапи

Според Латас, целта е тој да се тргне од јавноста.

– Јас сум веќе 6 години во машината за мелење на Специјалното јавно обвинителство и не сум избегал од државава, а второ се бара забрана за јавни настапи на новинар, на кого јавниот настап му е професија. Практично се бара забрана за вршење дејност што може да биде само судска одлука по процес. А инаку сега вие можете да направите и забрана за три години да донесете пресуда и три години новинарот да не може да живее и да работи, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Лазаров остана без спонзори, се извини што дозволил да се емитува интервјуто со Латас

(Видео) Првото сексуално искуство на Латас предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи

Фото: Јутјуб/Лазаров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

27-годишна жена од штипско починала откако ја каснал крлеж, неколку дена откако ѝ го извадиле дома

Редакција

Семејството на Мицкоски платило за да син му дојде со него Вашингтон, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Мицкоски: Сакаме избори летово кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните

Редакција