еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лавров за одложувањето на посетата на Србија: Одлука без преседан, нашите односи со Белград никој нема да ги уништи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е без преседан одлуката за забрана за прелет на неговиот авион поради што ја откажа посетата на Србија.

На вонредната прес-конференција, која беше свикана наместо да патува во Белград, Лавров рече дека тоа е политика на двојни стандарди.

– Тие ќе кажат дека тоа им го кажале ЕУ и НАТО, а НАТО и ЕУ ќе кажат дека земјите сами одлучуваат, рече Лавров.

– Нека ви биде јасно, нашите односи со Србија никој, повторувам, никој нема да ги уништи, рече Лавров, додавајќи дека во Москва бил наречен министер за надворешни работи на Србија.

-Се случи нешто незамисливо. На суверена држава и е одземено правото да води надворешна политика. Меѓународните активности на Србија во руска насока се блокирани, рече Лавров на прес-конференција.

Според него, разговорите во Србија требало да бидат од поширок спектар, а требало да се зборува и за Косово и БиХ.

– НАТО и ЕУ сакаат да го претворат Балканот во свој Балкан, наречен Затворен Балкан и сега ни е тешко да изведеме поинаков заклучок, рече тој.

Според него, политиката денеска е насочена кон антируски правец, а потсети и на „воено-поттикнувачката“ изјава на Жозеп Борел.

– Јасно ви е колку ги чини Црна Гора и Северна Македонија членството во НАТО и зошто на НАТО му се потребни такви земји – да одржуваат антируска политика и закана, да бидат нивни бази за таква политика, додаде Лавров.

Тој потоа рече дека во Белград требало да се одржат повеќе церемонии и состаноци, а една од нив и да се запише во книгата на жалост за ослободителите на Белград и дека планирал пораката што ќе ја предаде да ја посвети на сите граѓани на Србија.

Лавров нагласи дека причините за одложување на посетата на Белград ги анализирале медиумите во Србија и регионот, односно Хрватска, а едната е дека „Лавров е персона нон грата и оти Лавров требало да го престигне Шолц, кој исто така доаѓа во Белград. Тоа го оставам на совеста на тие аналитичари бидејќи е понижувачко“.

– Америка сега може да каже, и тоа така функционира, дека Белград е закана за нивната безбедност, па да го бомбардира, како што рекоа дека Ирак е закана за нив па го бомбардираа, како што рекоа и за Либија, која, како и Ирак, е илјадници километри далеку.

Тоа им е закана за безбедноста, а нашето објаснување е јасно, одамна го повторивме, тоа сè се случуваше на нашата граница, ова со Украина, а не некаде таму далеку, но сите тие наши предупредувања, особено до НАТО кој се доближи до границата со Русија, беа игнорирани, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Вистина е и дека Западот сега и аплаудира на Украина, и заборава на се за што предупреди Русија и ѝ испраќа оружје.

-Веќе немавме избор и сето тоа веќе го објаснив, сега само ве потсетувам, додаде тој.

– Но знаете, политиката на ЕУ на Балканот и линијата на ЕУ во Украина се во суштина исти, само на Балканот се поддржуваат оние што ги ограничуваат интересите на Србија, а во Украина се поддржуваат оние што објавија војна на сè што е руско, нагласи Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Забрана за прелет на авионот на Лавров донесена согласно владината одлука за затворање на воздушниот простор за руски авиопревозници

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како се пренесува и како да се заштите од новиот хепатитис којшто ги напаѓа децата

Редакција

Во последните три дена, 179 нови случаи на Ковид-19, оздравени 347, шест починати

Редакција

Џафери ја врати на доработка интерпелацијата што ја поднесе Левица, од партијата најавуваат тужба

Редакција