еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажни се дојавите за бомби во трговските центри, музеите, Транспортен центар…

Проверките по дојавите за бомби во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг покажале дека станува збор за лажни дојави, соопштија од МВР.

Продолжуваат антитерористките проверки во преостанатите објекти кои пријавиле дека нивните електронски адреси утрово пристигнали закани за бомби.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомби и во училишта во Скопје

Пендаровски денеска ќе ги извршува редовните работни обврски, велат од Кабинетот по дојавата за бомба

Дојави за бомби во вилата на претседателот, Железничката станица, Управен суд, музеи, трговски центри, хотели…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

1.015 заболени и суспектни на Ковид-19 се лекуваат низ болниците во државата

Редакција

Во недела во Парк – деветта традиционална манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест

Редакција

Ниту еден од посочените функционери на ВМРО- ДПМНЕ нема бугарски пасош, реагираат од партијата за објавата на Каракачанов

Редакција