еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Леб има и се продава по 33 денари, дополнително ќе се замрзнуваат цени и на други производи, најави директорот на Пазарниот инспектoрат Трајковски

Директорот на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, на својот Фејсбук профил напиша дека леб има и се продава по 33 денари. Тој нагласи дека инспекторите се на терен и додаде дека дополнително ќе се замрзнуваат цени и на други производи.

Тој исто така пишува и дека ако се утврди прекршување на одлуките на Владата ќе следат казни во согласност со Законот за трговија.

– Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, затоа апелирам да се почитуваат одлуките, а ние како институција и понатаму сме на терен да ја следиме состојбата и да постапиме при евентуални прекршувања на законските одредби!

Граѓаните не смеат да трпат заради туѓи лични интереси! Мерките се насочени кон тоа да им се олесни состојбата на граѓаните во ваков кризен период и нивната злоупотреба е апсолутно недозволива. Кризата не е време за мислење само на себе и на профит, туку потребно е да имаме разбирање едни кон други, да помагаме и да бидеме солидарни, пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казни од 800 до 10.000 евра за фирмите кои нема да ја почитуваат одлуката за замрзнување на цената на лебот

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петти ден расправа за реконструкција на Владата во Собрание

Редакција

Руски рулет на патиштата: МВР за еден ден исклучи од сообраќај 28 возила за меѓуградски превоз

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на изборите за градоначалници на Штип и Пласница

Редакција