еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЛГБТИ активистот Беким Асани за нападот на Матка: “Цело време викаа ќе те убиеме, мртов си, а на другарките им викаа вас ќе ве силуваме„

ЛГБТИ активистот Беким Асани од Тетово на својот Фејсбук профил соопшти детали за вчерашниот напад на неколку ЛГБТИ активисти на Матка.

„Во група од 15 до 20 души еден рече: „дали е тој педерот од Тетово”, откако и некои му потврдија, почна да ни префрлуваат, при што ние заминавме, но 5 од нив не следеа и ми се нафрлаа мене…едниот ме плукна…цело време викаа ќе те убиеме, мртов си, а на другарките им викаа вас ќе ве силуваме…

Ова траеше едно 300 метри дур не се качивме во такси, ние со 2 такси, една кола не следеше напред една странично… Таа напред 2 пати ни го пресече патот, па таксистот даде гас повеќе…,но во Сарај имаше гужва…по 3 пат ни го пресекоа патот.

Едниот излезе од кола дојде ја отвори врата од таксито и ми ја искина маичката (маичката не беше од Скопје прајд)…ми ги искина и двете гумени алки… пак се врати и ми удри бокс… За тоа време други се собираа и ни ја опколија колата викајќи педери мрш од тука, ќе умрете…

Имавме многу среќа зш во кафулете од спротивно имало тројца полицајци кои претрча…, но и они беа нападнати од тој што ми удри бокс и од неговиот другар…

Фалеа секунди да завршиме многу полошо.

Никој од нас немаше ништо ЛГБТИ никакви обележја…, они ме препозна мене…

Сите сме шокирани, се беше како на филм… Ова нема да го заборавиме цел живот“, напиша Асани.

Нападот го потврдија и од МВР, од каде информираа дека вчера околу 16:00 часот на Кањон Матка, Б.И. (32), З.Л. (31) и К.Џ.(31), сите од Тирана, Албанија, И.А. (21) и Х.Л.(32), двете од Босна и Херцеговина и А.Б. (36) од Тетово биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ заедницата.

„За да избегнат проблем, се качиле во такси возило и се упатило кон Сарај. По нив тргнало “Ауди“ со кое кога пристигнале во близина на плоштад “Иса Булетини“ во Сарај им бил попречен патот и такси возилото принудно запрело.

Тогаш од “Ауди“ излегол возачот и започнал да го навредува и да упатува пцовки и закани насочени конкретно кон А.Б. и во еден момент физички го нападнал. Во меѓувреме на местото на настанот пристигнале УПС и од нивна страна напаѓачот е лишен од слобода. Подоцна е утврдено дека се работи за А.Ј. (30) од Скопје“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Еве лабаво со швалерката, од кога изиграв оро за „семејните вредности“: Твитер реакции за Парадата на гордоста и Маршот на гордоста

(ГАЛЕРИЈА) Голема посетеност на првата Парада на гордоста во Скопје

Мила Царовска за Парадата на гордоста: „Полна ми е душава, одамна не сум била на настан со толку позитивна енергија“

(Фото) Шекеринска, Царовска, Богоевски: Кои политичари дадоа подршка на Парадата на гордоста

Фото:lgbti.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски не се појавил во полициска станица, туку неговиот правен застапник

Редакција

Македонската асоцијација за управување со отпад дел од водечкиот саем „Екомондо“

Редакција

Закочени судски процеси: Супервештачењето за несреќата кај Ласкарци трае 315 дена, а за „Тендери“ за Канческа-Милевска, 110 дена

Редакција