еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Либанската Влада поднесе оставка, но протестите продолжуваат

Протестите во Либан поради големата експлозија во Бејрут продолжуваат, иако попладнево Владата предводена од Хасан Диаб поднесе оставка.

Во протестите во Либан кои почнаа неколку дена по експлозијата стотици лица се уапсени, повредени, а еден полицаец е убиен.

Демонстрантите продолжуваат со протестите иако нивното главно барање беше Владата да понесе одговорност за експлозијата во која загинаа најмалку 160 лица. Тоа и се случи попладнево, кога министерот за здравство Хамад Хасан соопшти дека владата е во оставка.

– Целата Влада поднесе оставка, соопшти Хасан.

Истражен судија денеска почна да ги испитува директорите на безбедносните агенции на Либан за разорната експлозија.

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 160 луѓе, а 6.000 се повредени, додеа 20 се водат како исчезнати. Експлозијата беше предизвикана од 2.700 тони амониум нитрат, складиран во пристаништето во Бејрут пред шест години.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 34 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

Каков имот пријавил судијата Лазар Нанев, кој го разреши Судскиот совет

Редакција

Ќе гради ли „Пуцко петрол“ висококатници на просторот кај „Алумина“ во скопски Карпош?

Редакција