еМагазин
Македонија

Лицето кое утринава се тестираше на корона вирусот е негативно, засега девет се заболени

Негативни се резултатите од тестот за коронавирус на пациентот кој денеска во утринските часови со висока температура се јавил на Клиниката за инфективни болести. Ова попладнево го потврди премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по лидерската средба во Владата.

Министерот за здравство, Венко Филипче на пладневната прес-конференција во Владата рече дека пациентот здрав се вратил од Германија на 7 март, а изутрината со висока температура се јавил на Инфективната клиника.

Тој информираше дека од деветтемина пациенти кои имат коронавирус и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, шест се во стабилна здравствена состојба, а кај тројца од нив има лесно влошување што значи имаат поотежнато дишење, но се уште не е потребна респираторна поддршка и се интензивира терапијата. Тројцата се на возраст над 65 години.

Дополнителни мерки предложи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, кои попладнево на седница ќе ги разгледа Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кафулињата и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот, побара Филипче

Едно лице се тестира на корона вирус, тројца од заболените имаат отежнато дишење

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

Трогателно сведоштво и апел на Македонка од Милано: „Не го потценувајте корона вирусот, тука веќе нема место во болниците“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штекли и уште девет членови на неговата група завршија во затворот во Шутка

Редакција

Регистрирани 597 прекршоци за неносење маски

Редакција

Кои се новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција