еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели Ковачевски за „антистрес“ терапијата на министрите на ДУИ

Спортски реквизити во канцеларија на премиер не се новост, јас ги немам, но лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Прашан да го коментира видеото објавено од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби како со министри од коалицискиот партнер игра фудбал и кошарка во државен објект, Ковачевски посочува дека тоа не се први слики од кабинетот на Груби, во кои дури и амбасадорот од Словачка играл фудбал.

– Јас имам колеги премиери кои што имаат кошеви во канцеларија. Јас немам и никогаш не сум имал, меѓутоа секој може да избере дали ќе има некаков реквизит кој што ќе го искористи во својата канцеларија на минута, 2-3 или пет.

Така што тоа е лично прашање за некој како го организирал просторот во својата канцеларија. Дали мене ми пречи или не е ирелевантно, бидејќи доколку јас сакам да го организирам просторот во канцеларијата во која работам на начин на кој сакам, тогаш ќе го организирам.

Начинот на кој го организира просторот во својата канцеларија друг човек, е прашање за него,“ изјави Ковачевски на денешната прес-конференција по повод потпишувањето на договор за изградба на Коридорите 8 и 10д со „Бехел-Енка“.

Вицепремиерот Груби, пак на прашањето дали е во ред „да се закачи кош до уметничка слика“ и да се има таков однос кон она што е сопственост на сите граѓани, се извини за таквата постапка, но ја оправда со новата реорганизација на органите на државната управа.

– Ако тоа толку длабоко задира во вашите чувства затоа што сме играле фудбал, баскет…, во чувствата на кој било, што е трогнат од таа слика, навистина ви се извинувам. Јас сум, како што знаете, спортски тип и согласно реорганизацијата на органите на државната управа Агенцијата за млади и спорт треба да стане дел од Министерството за политички систем, изјави Груби.

Тој додаде дека нема амбасадор што е дојден во неговата канцеларија, а да не шутирал и оти од тоа се објавувани слики.

– Пред некој ден, на пример, Словакот беше последниот што шутираше и вие објавивте, во порталите беше. Тоа не беше скандал, ова денеска е скандал. Ова е таа хистерија за која што зборувам, за двојни стандарди, за селективни правди, за измислување за теми само да се дефокусира од нешто. Значи, дојде градоначалникот на Тирана, дури со пета даде гол, вели Груби.

Вицепремиерот Груби вчера на неговиот официјален Фејсбук профил објави фотографии на кои тој со негови сопартијци од ДУИ и министри игра кошарка и фудбал во неговиот кабинет во Министерството за политички систем. На видеото се министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, како и поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Министрите на ДУИ на „антистрес“ терапија: Фудбал и баскет во кабинетот на Груби по голем ден за нив!

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 206 оздравени од Ковид-19

Редакција

Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за Џафери поради повреда на Уставот

Редакција

Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра, вели адвокатот Димитров

Редакција