еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Литванија им забрани на руските државјани да купуваат недвижен имот

Парламентот на Литванија денеска одлучи да им забрани на руските граѓани да купуваат недвижен имот во таа балтичка земја, наведувајќи го ризикот за националната безбедност како причина.

Забраната, што ќе важи до 2024 година, нема да важи за Русите кои добиле право на престој во таа земја.

Литванскиот Парламент исто така престана да издава нови визи за граѓаните на Русија и Белорусија. Бројни граѓани на овие две земји на кои им се издадени визи ќе бидат подложени на „детални индивидуални проверки“ на границата за да се утврди дали тие претставуваат закана за националната безбедност.

Кога во март беше воведен нацрт-законот за забрана за купување недвижен имот за руските граѓани, заменик-министерот за надворешни работи Јургита Нелиупсиен рече дека огромното мнозинство руски граѓани поддржуваат агресивни воени дејства и не прават ништо за да ја запрат агресијата, затоа, тие се исто така одговорни.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фирми повторно ја злоупотребиле државната помош, ќе има кривична одговорност

Редакција

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја симнат оваа Влада од власт

Редакција

Државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото од Струга и од Охрид

Редакција