еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Луфтханза ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023

Германскиот авиопревозник Луфтханза, влегува на македонскиот авијациски пазар со отпочнување на летови на линијата Франкфурт – Скопје, од 23-ти април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града.

Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт, нудејќи летови од Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе лета по два лета неделно, со авиони од видот: Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.

“Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот пазар, со отпочнување на летови на релација Франкфурт – Скопје. Ова значи дека Меѓународниот Аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа.

Дополнително, високата честота на летовите – авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат  со Европа и Северна Америка.

Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Северна Македонија.

Влезот на групацијата Луфтханза е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, се со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми.

Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот Аеродром Скопје“, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите.

Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа.

Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза: lufthansa.com, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети.

ТАВ Македонија ги заврши 11-те месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св.апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со Ковид-19.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од следната недела ќе се исплаќаат депозитите од Еуростандард банка до 30.000 евра

Редакција

Орце Камчев ја тужи Македонија во Стразбур, бара отштета за притворот за „Плацеви на Водно“

Редакција

(Фото) Новиот пратеник на СДСМ, Филиповски во најприродно издание: Коњите на Галичник му се голема љубов

Силвана Жежова